По Грузија, и селекциите на Шпанија, Црна Гора и Фарски Островиги потврдија своите места на Европското првенство 2026 во Данска, Норвешка и Шведска.
Црна Гора славеше на гостувањето кај Финска со 33-28 и го освои второто место во групата со Унгарија. Избраниците на Дидие Динар немаа големи проблеми, а најдобар стрелец беше Бранко Вујовиќ со седум гола.
Србија минимално ја победи Летонија со 27-26, а Шпанија го потврди своето место на ЕП по победата на гости кај Италија со 33-29. На табелата „фуријата“ е сигурно прва со осум бода, а Србија и Италија ќе решаваат меѓусебе за второто место.
Романија ја изненади Португалија и славеше со 28-24, па ситуацијата во оваа група е неизвесна. Кај Романците, младиот Даниел Станчиук даде 13 гола од 15 обиди. На табелата, Португалија е прва со седум бода, втора е Романија со пет бода, а Израел и Полска имаат по четири.
Холанѓаните немаа проблеми против Украина и славеа со 35-27, додека Косово ги изнамачи Фарски Острови, водеше во повеќе наврати, но не издржа и во последните три минути гостите ја обезбедија победата со 25-23. На табелата, Фараните се први со седум бода, Холандија има пет, Украина четири, додека Косово е на последното место со четири освоени бодови.
Квалификации за ЕП 2026, резултати:
ГРУЗИЈА – ГРЦИЈА 29-26
ИЗРАЕЛ – ПОЛСКА 33-31
ФИНСКА – ЦРНА ГОРА 28-33
ЕСТОНИЈА – МАКЕДОНИЈА 17-36
РОМАНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА 28-24
ЛЕТОНИЈА – СРБИЈА 26-27
ИТАЛИЈА – ШПАНИЈА 29-33
УКРАИНА – ХОЛАНДИЈА 27-35
КОСОВО – ФАРСКИ ОСТРОВИ 23-25