Салиу го наполни голот на Скопје, Јехона си замина со триумф

Тимот на Јехона славеше на гостувањето кај Скопје со 34-33 во натпреварот од 5 коло од прволигашкиот плеј-оф.

Предводник на тимот на Фари Селмани беше левиот бек Адис Салиу, кој постигна половина од погодоците на неговиот тим – дури 17.

Гостиварскиот тим водеше и на паузата со 20-13, во финишот Скопје успеа да намали на минус еден, 33-32, но немаше ни сили ни време за комплетен камбек во мечот.

Покрај Салиу во составот на Јехона, четири гола даде Новица Михајловски, додека кај Скопје најдобар стрелц беше Дарко Рангелов со 12 погодоци.

Скопје останува на 9 место со шест бода, додека Јехона е на 10 позиција со четири бода во прволигашкиот плеј-оф.