Босна се подалеку од ЕП, Хрватска лесно се справи со Белгија и ја „чекира“ Чешка

Селекцијата на Босна и Херцеговина го запиша четвртиот пораз во квалификациите и останува со теоретски шанси за пласман на ЕП 2026.

Босанците загубија дома во клучниот натпревар од Исланд со 34-25 и тешко дека ќе можат да се најдат на континенталниот собир.

Одлична вечер имаше левото крило Бјарки Мар Елисон, кој реализираше 11 пати од 13 обиди, додека кај домаќинот, 19-годишниот Елмас Авдиќ беше прв стрелец со седум гола.

На табелата, Исланд е прв со десет бода, Грузија има четири со меч помалку, а Грција (меч помалку) и Босна и Херцеговина по два. Ако Грција слави кај Грузија, а потоа во последното коло БиХ слави на гости кај Грција и Грузија загуби кај Исланд, може да има мини табела со три селекции по четири бода, па ќе решава меѓусебната гол-разлика.

Хрватите лесно стигнаа до пет од пет, откако ја победија Белгија на гости со 34-22, а по пет гола дадоа Шоштариќ, Чешко и Лучин. Оваа победа на „коцкестите“, значи дека Чешка е второпласирана во групата со шест бода и оди на ЕП заедно со нив.

Квалификации за ЕП, резултати:

ЛИТВАНИЈА – СЛОВЕНИЈА 28-31
СЛОВАЧКА – УНГАРИЈА 24-39
ТУРЦИЈА – АВСТРИЈА 29-34
ЛУКСЕМБУРГ – ЧЕШКА 22-35
ШВАЈЦАРИЈА – ГЕРМАНИЈА 32-32
БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА – ИСЛАНД 25-34
БЕЛГИЈА – ХРВАТСКА 22-34

ЕХФ Евро Куп, резултати:

НОРВЕШКА – ДАНСКА 26-39
ШВЕДСКА – ФРАНЦИЈА 32-33