Тимот на Локомотива Загреб, каде што игра македонската репрезентативка Андреа Седлоска, запиша нова победа во хрватскиот шампионат,
Локомотива, предводена од Седлоска, славеше убедливо на гостувањето кај Сињ со 18 голови разлика, 39-21.
Седлоска беше МВП во победничкиот состав, имаше индекс на корисност 10, највисок во двата тима.
Таа успеа да погоди осум пати во противничката мрежа од 11 обиди и беше најефикасна на двете страни од теренот.
Локомотива Загреб сега има 43 бода, три помалку од лидерот Подравка кој има 46, но и меч помалку, односно уште три за играње до крајот на првенството.