Унгарскиот гигант Веспрем објави дека ја прекинува соработката со десното крило Никита Вајлупов една сезона пред истекот на договорот. Негова следна дестинација ќе биде португалската Бенфика.
Средниот бек Симо Шијан по крајот на сезоната ќе се врати во српскиот првак Војводина. 20-годишниот репрезентативец на северниот сосед прикажува одлични партии во данскиот Скјерн, па тимот од Нови Сад го бара назад.
Големата надеж на српскиот ракомет и капитен на младинската репрезентација, Татјана Чинку, потпиша договор на две сезони со францускиот Мец. Голманката досега беше член на Железничар Инџија.
Данскиот Алборг најде замена за Хенрик Молгард, кој ја завршува кариерата и го ангажираше Норвежанецот Ветле Ронинген, кој доаѓа од тимот на Скјерн. Ронинген има и бундеслигашко искуство, а со Алборг потпиша договор на три сезони.