Суперлигашката сезона во Македонија ќе се доигра со еден тим помалку и нема да има испаѓање од елитата, откако Ракометната федерација денеска ги потврди најавите на 24Ракомет и го исклучи велешкиот состав Борец ФЛ.
Велешани отпатуваа со девет играчи на Куп натпреварот против Еурофарм Пелистер 2, а според пропозициите треба да се има најмалку 12 играчи во ростерот за да се одигра мечот. Пропозициите велат дека ако некоја екипа не одигра меч од групната фаза на Купот, тогаш се исклучува од системот на натпреварување, што и се случи со Борец ФЛ!
Исклучувањето на Борец ФЛ им оди во прилог на клубовите кои се борат за опстанок во елитната конкуренција, па Пролет, Прилеп, Куманово, Струга и Радовиш ќе останат да се борат за избегнување на позицијата што води во баражот за опстанок со второпласираниот тим од прволигашкиот плеј-оф.
Петте преостанати натпревари на Борец ФЛ до крајот на плеј-аутот, ќе бидат регистрирани со службен резултат 10-0 за противничките екипи.
Фијаско на Борец – дојде со ДЕВЕТ ракометари, Еурофарм Пелистер 2 оди во битка за Ф4!
РФМ денеска ќе решава за „исфрлaњето“ на Борец ФЛ од Супер лигата