Начевски и Николовски со задачи во евро-квалификациите

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од квалификациите за ЕП 2026.

Покрај судиската двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, активни ќе бидат и двајца делегати од Македонија.

Марјан Начевски ќе биде делегат на натпреварот меѓу Грузија и Грција што ќе се игра во Тбилиси на 8 мај од 15:00 часот.

Ацо Николовски, пак, ќе биде делегат на дуелот што ќе се игра во Бар меѓу Црна Гора и Словачка на 11 мај од 18:00 часот.