Завршницата на Купот ќе добие нов термин

Иако беше планирано да се игра од 15 до 18 мај, завршницата на Купот на Македонија веројатно ќе добие нов термин од страна на Ракометната федерација.

Поради пласманот на тимот на Кирил Лазаров во финалето на Европскиот Куп, чии натпревари се играат на 17/18 мај, односно 24/25 мај, Купот ќе мора да добие нов термин.

Иако „сино-белите“, кои се актуелен освојувач на трофејот во Купот, допрва треба да го верификуваат пласманот на Ф4, тие се големи фаворити во групата со „витамините“ од Автокоманда, односно Партизан Гевгелија и Пролет.

Тие натпревари ќе се одиграат утре, а победникот од оваа група ќе им се приклучи на Вардар, Еурофарм Пелистер и Охрид.