Ракометарките на Ѓорче Петров 2 прославија изненадувачки триумф над Деспина со 27-24 во натпреварот од 8 коло во плеј-аутот од Женската лига.
Избраничките на Милева Велкова и Александар Царчев седум минути во финишот не примија гол и негативата со 24-23, со серија од четири погодоци ја претворија во триумф за подигање на самодовербата.
Најдобри стрелци во победничката екипа беа Ѓероска со девет, како и Цветановска и Наумоска со по пет гола, додека кај Деспина, Цаневска имаше седум, а Ристеска шест погодоци.
Стружанка предводена од Раткушиноска со 12 и Маџоска со осум гола го совлада убедливо Овче Поле СУ со 31-21, а кај гостинките од Свети Николе, Ангеловска даде пет погодоци.
Спартак убедливо триумфираше на гостински терен кај Шампион со 43-17, а 15 погодоци беа дело на Надица Максимовска од победничкиот тим. Марија Бојковска даде девет за Шампион.
На табелата Спартак е прв со 12 бодови, Пелистер и Деспина имаат по 11 на делба на второто место, но битолчанки имаат и меч помалку, додека на четвртата позиција е Овче Поле СУ со десет бода.
Женска лига, плеј-аут, 8 коло:
Ѓорче Петров 2 – Деспина 27-24
Шампион – Спартак 17-43
Стружанка – Овче Поле СУ 31-21