Тимот на Барселона триумфираше со 27:24 против ПИК Сегед во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, па така каталонскиот гигант на реваншот ќе може да одигра и реми за пласман на Ф4 турнирот во Келн.
Домаќинот на крилата на публиката успеа колку-толку да биде подобар во првиот дел и на пауза замина со предност од 10:9.
Барса никако не можеше да заигра во посакуваниот ритам, па така на стартот на вториот дел ПИК Сегед дојде до 13:10.
ПИК Сегед во уште неколку наврати водеше со два-три гола разлика, а гостите во 40-та минута дојдоа до израмнување, 16:16.
Иако унгарскиот тим ја врати предноста, сепак, гостите во последните осум минути конечно го скршија отпорот на домаќинот и дојдоа до вредна победа од три разлика.
Најефикасен во победничката екипа беше Дика Мем со десет погодоци, а кај ПИК Сегед, Марио Шоштариќ, беше најдобар стрелец со осум погодоци.