Искусниот Ѓорѓиески и наредната сезона во „македонскиот“ клуб од Германија

Искусниот кружен напаѓач Пеце Ѓорѓиески и во наредната сезона ќе ги брани боите на германскиот тим Аполда.

Тој минатата сезона дојде во „македонската“ Аполда, откако мина една сезона во друг германски тим – Цвикау.

Ѓоргиески потекнува од Прилеп, играше за кадетската и младинска репрезентација на Македонија, а ги носеше дресовите на Пролет, Радовиш, Работнички, Пелистер, Охрид, Струга и Тиквеш.

Во Аполда тренер е некогашниот голман на Пелистер, Игор Тоскоски, своевремено таму играа крилата Игор Илиевски и Васил Митевски, а на лето доаѓа левиот бек Христијан Милошески.