Словенечкиот стратег Бранко Тамше ќе биде наследникот на Раде Стојановиќ на клупата во Тримо Требње.
Иако Тамше беше во преговори со Словењ Градец, договор не беше постигнат, па според пишувањата на „Екипа24“ и на „Handballia“, тој е најсериозниот кандидат за тренерското столче во Требње.
Тамше долги години работеше во Горење и Целје, а потоа и во двата најдобри хрватски клубови Загреб и Нексе Нашице.
По заминувањето од Нашице беше во комбинација за клупата на македонскиот првак Еурофарм Пелистер, но немаше договор, па оттогаш е без ангажман.
Стојановиќ го внесе Тримо Требње во полуфиналето од словенечкиот плеј-оф, но македонскиот стратег и раководството на клубот не се договорија за продолжување на соработката.