Ривали и пријатели: Вардар му посака на Еурофарм Пелистер да биде европски првак во Келн!

Иако се големи ривали на теренот, Вардар и Еурофарм Пелистер покажаа дека се големи пријатели надвор од него.

„Црвено-црниот“ клуб упати честитки до младинската екипа на битолчани, која успеа да обезбеди место на завршнитот турнир во Лигата на шампионите.

Покрај Вардар, Еурофарм Пелистер е втората македонска екипа што ќе настапува во „Ланксес Арена“ во Келн.

Вардар два пати стана европски шампион и истото му го посака на Еурофарм Пелистер на 14 и 15 јуни.