Во Букурешт во салата на Динамо, младинската екипа на Еурофарм Пелистер испиша историја и се пласираше на завршниот турнир во Лигата на шампионите.
На двата натпревари, против Келце и Динамо Букурешт, предводник во редовите на битолчани беше Алем Хаџиќ, кој има искуство и од сениорската ЛШ.
Босанецот доминираше на теренот, беше буквално незадржлив и покажа дека пред него претстои светла иднина.
Хаџиќ на првиот натпревар против полскиот тим постигна 14, а во финалето против Динамо Букурешт два помалку (12), и со 26 погодоци беше прв стрелец на турнирот.
Младиот талент го доби признанието и за најкорисен играч на турнирот, односно МВП.
Тројца пелистерци меѓу најдобрите – Лозановски, Марковски и Хаџиќ во идеалната седморка!