Младинскиот состав на Еурофарм Пелистер испиша историја и во првото издание на Лигата на шампионите во оваа конкуренција се пласира на завршниот турнир во Келн.
Битолчани ги совладаа Келце со 37-29 и домаќинот Динамо Букурешт со 37-36, па заслужено ќе патуваат на завршниот турнир.
По Вардар, кој три пати во периодот од 2017 до 2019 година играше на Ф4 во Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер е вториот македонски тим што ќе игра на ваква завршница, но во младинска конкуренција.
Вардар двапати играше и во финале и два пати ја освојуваше титулата.
Ф4 во младинската ЛШ ќе се одигра во исто време со сениорскиот Ф4, на 14 и 15 јуни во „Ланксес Арена“.
ИСТОРИЈА: Еурофарм Пелистер ќе игра на Ф4 во Лигата на шампионите!