ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Мајонад комплетира деценија во Мец, Фуксе Берлин го врза Прантнер до 2029

  • Поранешниот српски и унгарски репрезентативец Урош Виловски, го продолжи договорот за уште една сезона и ќе остане во Ѓер најмалку до 2026 година. Виловски претходно играше за Веспрем, Балатонфуреди, Ѓенѓеш, Татабања…
  • Црногорската репрезентативка Адријана Татар на лето ќе си замине од романската Баја Маре и ќе се пресели во унгарскиот Мошонмаѓаровар. Овој тим претходно го промовираше Драган Аџиќ како нов предводник.
  • Норвешкиот репрезентативец Марио Матиќ по една сезона во АЕК Атина ќе се врати во скандинавија, откако потпиша договор со поранешниот првак Елверум на една сезона. Матиќ претходно играше за Рунар Сандефјорд, Филинген, Арендал…
  • Тренерот на францускиот шампион Мец, Емануел Мајонад, ја продолжи верноста со клубот за уште една сезона и ќе остане да го води најмалку до 2026 година. Majонад работи во Мец од 2015 година.
  • Десното крило на италијанската репрезентација, Лео Прантнер, кој дојде на полусезоната во Фуксе Берлин, веднаш ги освои симпатиите во бундеслигашот и ја продолжи соработката до 2029 година.