Гледајте го дербито Вардар – Охрид за 100 денари!

Тимот на Вардар ги пушти во продажба билетите за следниот домашен натпревар од плеј-офот во Супер лигата.

Во Скопје на гости доаѓа екипата на Охрид, а натпреварот е закажан за в петок во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот.

Цените на билетите во зависност од местото на седење и блоковите во салата се 100, односно 150 денари.

Продажбата на билетите ќе се врши онлајн преку МК Тикетс, како и преку нивните продажни место, а ќе можат да се купат и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ на денот на натпреварот.

Вардарци досега запишаа две победи – над „сино-белите“ од Автокоманда и над Бутел Скопје, додека Охрид триумфираше кај Бутел, а тесно загуби дома од шампионот Еурофарм Пелистер.