Вардар и Еурофарм Пелистер прво на мегдан во Битола, во Скопје на 7 јуни ќе се додели титулата!

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени редните броеви на екипите што ќе се борат за титула и опстанок во Супер лигата.

Беше одреден и распоредот, па дерби дуелите во битките за титула ќе бидат во 5 и во 10 коло. Најпрво во Битола ќе играат Вардар и Еурофарм Пелистер на 23/24 април, а двете екипи ќе играат во Скопје на 7/8 јуни.

Натпреварите од 1 коло ќе се играат на 2 април, веднаш потоа викендот е 2 коло, а последното, 10 коло е закажано за 7/8 јуни, кога ќе биде доделена титулата.

Во првото коло, шампионот Еурофарм Пелистер ќе му гостува на Тиквеш во Кавадарци, Бутел Скопје го пречекува Охрид, додека Вардар на домашен терен ќе игра против „сино-белите“ од Автокоманда.

Супер лига, плеј-оф, редни броеви:

1.Бутел Скопје
2.Вардар
3.Тиквеш
4.Еурофарм Пелистер
5.Aлкалоид
6.Охрид

1 коло, распоред:

Бутел Скопје – Охрид
Вардар – Алкалоид
Тиквеш – Еурофарм Пелистер