Почина поранешен репрезентативец на Југославија

Владимир Матовиќ, поранешен репрезентативец на Југославија, почина на 49-годишна возраст по тешка болест. Матовиќ остави голем белег во Партизан, тим со кој двапати ја освои титулата во домашната лига, во 1999 и 2002 година.

Во својата ракометна кариера, беше дел од тимот на црно-белите кој против Веспрем ја оствари првата победа во Лигата на шампиони. Кариерата ја започна во Колубара од Лазаревац, потоа го носеше дресот на Партизан пред да започне интернационална кариера.

На интернационално ниво настапуваше во Словенија и првиот странски клуб му беше Пруле 67 Љубљана. Со овој клуб, исто така, имаше забележителни резултати, а еден од нив беше и полуфиналето во најквалитетното европско натпреварување.

Освен за Партизан, во Словенија го носеше дресот и на Голд Козина. Како дел од репрезентацијата на Југославија учествуваше на Суперкупот 1998 и Медитеранските игри 2001.