Arne SENSTAD (coach), Sweden vs. Poland, Women's EHF EURO 2024, Austria, Hungary, Switzerland, 05.12.2024, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

Ривалот на Македонија го задржа селекторот!

Репрезентацијата на Полска, која е ривал на Македонија во бараж-двомечот за пласман на Светското првенство 2026, реши да не менува селектор.

Полскиот ракометен сојуз најави продолжување на соработката со искусниот стратег Арне Сенстад, кој функцијата селектор на Полска ја извршува од 2019 година.

Под негово водство, репрезентацијата на Полска учествуваше на сите големи натпреварувања, со исклучок на Олимписките игри во Париз минатото лето.

Норвежанецот имаше договор со полската ракометна куќа до јануари оваа година, а поради добрите резултати одлучено е да му се продолжи договорот за уште две години.

Победникот од бараж-двомечот меѓу Полска и Македонија ќе се пласира на Мундијалот во Германија и Холандија.