Српски репрезентативец доаѓа во Охрид – Вејин е нов „гладијатор“?

По ангажирањето на Тилен Стрмљан, уште едно звучно име ќе пристигне во амбициозниот тим на Охрид.

Свој кам-бек на македонските терени ќе има српскиот репрезентативец Предраг Вејин, кој настапува на позицијата десен бек, пишува Моцарт Спорт.

32-годишниот ракометар од Србија дел од својата кариера ја помина во Металург, во некогашниот шампион на Македонија настапуваше во 2017 година.

На интернационална сцена беше дел и од Нексе, Висла Плоцк, Адемар Леон, Данкерк…а моментално настапува во грчкиот шампионат.

Таму е дел од Олимпијакос, во овој клуб пристигна на почетокот на оваа сезона од редовите на Нексе Нашице.

Охрид гради тим за високи дострели и сигурно со двете и идни засилувања ќе биде поконкурентен за домашната титулата.

Tрансфер бомба покрај езерото – Охрид на шопинг во Бундес лигата!