Поранешниот стратег на Мешков Брест, Горење, Еурофарм Пелистер…Жељко Бабиќ не е повеќе на клупата на Олимпијакос.
Хрватот и грчкиот клуб решија спогодбено да се разделат и секој да тргне по својот пат, а причините веројатно треба да се бараат во двата порази од АЕК Атина и елиминацијата во Купот на Грција.
Олимпијакос под водство на Бабиќ се пласира во четвртфиналето на Европскиот Куп и ќе се соочи со норвешкиот Рунар.
Грчкиот тим веќе ангажираше и нов стратег, а тоа е Италијанецот Рикардо Трилини, творецот на подемот на италијанскиот машки ракомет.
Тој повеќе не е селектор на Италија, па сега одново може да му се врати на клупскиот ракомет, во кој ги водеше Конверзано, Бриксен, Керженг од Луксембург…