Македонија во осминафиналето од ЛЕ ќе има претставник во името на Филип Талески, кој со Бенфика во главната фаза остварија две победи, доволно за ТОП 12.
Португалскиот тим вечерва славеше над Бидасоа Ирун со 33:30, а Талески во дадената минутажа одигра без грешка, имаше три од три.
Српскиот шампион Војводина пред својата публика беше поразен од Порто со осум гола разлика, 38:30.
На ракометарите на Војводина им беше неопходна било каква победа за пласман во осминафиналето, но гостите од Португалија беа доминантни во текот на целиот натпревар.
Од третата група освен Порто, во осминафиналето ќе игра и Мелсунген, а Кил како првопласиран обезбеди директно учество во четвртфиналето.
Во осминафиналето се пласираа уште Тулуз , Гумерзбах, Лимож, ГОГ и Луцерн, додека на Кил во четвртфиналето му се придружуваат уште Бидасоа, Фленсбург и Монпелје.
ЛИГА НА ЕВРОПА, ГЛАВНА ФАЗА, 4. КОЛО, РЕЗУЛТАТИ:
ФЛЕНСБУРГ – ГУМЕРЗБАХ 32-30
ГОГ – ГРАНОЉЕРС 32-31
ЛУЦЕРН – МОНПЕЛЈЕ 31-32
ТАТАБАЊА – ТУЛУЗ 31-33
БЕНФИКА – БИДАСОА 33-30
КИЛ – МЕЛСУНГЕН 35-24
ЛИМОЖ – ИШТАД 31-30
ВОЈВОДИНА – ПОРТО 30-38