Селекторот на машката младинска репрезентација, Раде Стојановиќ, го објави списокот на ракометари за претстојната ЕХФ недела.
Стојановиќ повика 17 ракометари, а на списокот го нема квартетот кој ќе биде со сениорите – Иван Галевски, Александар Петковски, Валентин Карасманакис и Дамјан Митев.
Покрај нив четворица, Стојановиќ не може да смета ниту на повредените плејмејкери Томислав Димковски и Славчо Шулески.
Македонија ќе игра на мини турнир во полскиот град Олецко, на 13 март ќе играат Полска и Македонија, на 14 март е пресметката меѓу нашата селекција и Алжир, додека на 15 ќе играат домаќинот и африканската репрезентација.
Овие два меча се дел од подготовките за настапот на Мундијалот во Полска во јуни, а таму Македонија ќе игра против Исланд, Романија и Фарски Острови во прелиминарната фаза.
Собирот на ракометарите ќе биде в понеделник на 10 март во 13:00 часот.