ПСЖ го чека пекол: Еурофарм Пелистер ја распродаде салата за последниот меч во ЛШ

Иако македонскиот првак Еурофарм Пелистер нема шанси за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите, сепак последниот натпревар против ПСЖ ќе го игра пред полни трибини.

Битолчани објавија дека се продадени сите билети и салата „Боро Чурлевски“ ќе биде полна в четврток за дуелот со францускиот шампион.

Нема сомнеж дека пелистерци ќе дадат се од себе победнички да ја завршат оваа сезона во елитната конкуренција, а како помош ќе ги имаат „Чкембари“ и атмосферата што тие знаат да ја создадат.

За ПСЖ овој натпревар има значење во борбата за второто место и директниот пласман во четвртфиналето, но покрај победа во Битола, ќе мора да чека порази на Спортинг и Фуксе Берлин.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ПСЖ се игра в четврток во „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.