Легендарниот Тимур Дибиров, кој со Вардар двапати ја освои ЛШ,на 4 март, односно в среда, за последен пат ќе настапи во европската елита
Како што е познато, искусниот Русин најави дека ја игра последната сезона во неговата кариера, па така ќе одигра уште неколку месеци.
Загреб на Дибиров в среда на свој терен ќе го пречека полскиот гигант Келце и ќе се обиде со победа да се одјави од Европа.
,,Пријатели, јас во среда ќе го одиграм последниот натпревар во Лигата на шампионите, беше фантастична авантура, ви благодарам за овој сон“, напиша Дибиров на социјалните мрежи.
Дибиров и колегите по обврските во ЛШ ќе бидат целосно фокусирани на домашниот шампионат.
Русинот токму од Вардар направи трансфер во Загреб, а во редовите на „црвено-црните“ настапуваше девет сезони.