Еурофарм Пелистер 2 продолжува со одличните настапи во прволигашката конкуренција, а денеска нова жртва на битолскиот тим беше Јехона.
Избраниците на Зарков на гостувањето во Гостивар славеа со 40:24, а победата ја обезбедија уште во првото полувреме кое го добија со плус 11, 21:10.
За младите пелистерци кои посакуваат експресно враќање во суперлигашкото друштво ова беше 13-ти сезонски триумф.
Најефикасен во победничкиот табор беше младинскиот репрезентативец Ненад Белистојаноски со девет погодоци, додека Христијан Митревски додаде седум.
Кај Јехона најрасположен за игра беше искусниот Мојсие Тасески, кој воедно беше и најефикасен на натпреварот со десет погодоци.