Дамите од денеска на собир, Грчевски повика уште една ракометарка

Женската репрезентација на Македонија денеска го имаше првиот собир во ЕХФ неделата, во која два пати ќе одигра тест натпревари со Србија.

Селекторот Кристијан Грчевски нема да смета на Габриела Величковска од Чаир и Ивана Џатевска од Сомбатељ, која е повредена, па на нивно место повика две нови ракометарки.

Станува збор за Теодора Гулицоска која претходно доби повик, како и за Анастасија Трпеска, кружниот напаѓач на Металург Автокоманда која ќе ја менува Џатевска.

Македонија ќе игра две средби со Србија на 7 и 8 март, како дел од подготовките за бараж двомечот со Полска за пласман на СП 2025.

Натпреварите ќе се одиграат во градот Бор.