Загреб се поднови со двајца играчи – еден од нив е екс член на Металург и Пелистер

Тимот на Загреб, кој ги загуби сите шанси за евентуално осминафинале во ЛШ, денеска објави дека има двајца нови играчи.

Станува збор за довчерашните членови на Татабања, кружниот напаѓач Петар Топиќ и левото крило Дамјан Пржитула.

Двајцата веднаш ќе му се стават на располагање на тренерот Велимир Петковиќ, а во најтрофејниот хрватски клуб ќе останат најмалку до летото, 2027 година.

Искусниот Топиќ дел од својата кариера ја помина во нашата Супер лига, ги носеше  дресовите на Металург и Пелистер.

Полјакот Пржитула токму во Татабања го имаше првото интернационално искуство, но не се снајде баш најдобро во унгарскиот клуб.

Загреб годинава ќе има потежок пат до одбрана на титулата, бидејќи за главен ривал го нема само Нексе, од оваа сезона се вклучи и амбициозниот Сесвете на Игор Вори.