Алонсо: Не можевме да го реализираме тоа што го планиравме во вториот дел

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер загуби кај Фуксе Берлин со 39-29 и практично ги отпиша пелистерци од трката за осминафиналето во Лигата на шампионите.

Тренерот Раул Алонсо го анализираше натпреварот и вели дека во вториот дел неговите избраници не можеа да го реализираат планот.

„Натпреварот беше повеќе или помалку израмнет се до последните 20 минути игра. Се трудевме да не дозволиме премногу да ја зголемат разликата. На дефанзивната страна завршивме одлична работа, но во вториот дел не можевме да го реализираме она што го планиравме. Сметам дека разликата е превисока и би сакал да им честитам на моите момци за нивната игра“, заврши Алонсо.

За битолчани останува последниот меч од групната фаза против ПСЖ на 6 март од 20:45 часот во салата „Боро Чурлевски“, а претходно ќе играат со Радовиш на 2 март во натпревар од Супер лигата.