Екипата на Шампион дојде до 6-ти триумф во новата сезона, откако славеше над Преспа Вардар со 33:19.
Избраниците на Чивлачки победата ја обезбедија уште во првиот дел, кој го добија со 21:8.
Вториот дел беше само чиста рутина за домаќините кои не се опуштија во ниту еден момент.
Предводник во победничката екипа беше Стефан Огненовски со девет погодоци, а го следеше Ненад Богоевски со пет реализации.
Во поразениот табор прво име беше Димитар Нечовски со шест погодоци, пет додаде Иван Костовски.