ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Толедо верен на Ваљадолид, Грошељ во Шамбери, Лихтлајн продолжи со Фуксе

  • Некогашниот десен бек на Вардар, Жозе Толедо, ја продолжи соработката со шпанскиот Ваљадолид и за следната сезона. Бразилецот претходно освен во Скопје играше за Гранољерс, Висла Плоцк, Баја Маре…a во Ваљадолид ја одработува третата сезона.
  • Десниот бек на словенечката репрезентација Матиц Грошељ од идното лето ќе го замени дресот на Шарт со оној на Шамбери. Грошељ потпиша договор на две сезони со клубот во кој игра уште еден Словенец, Себастијан Скубе.
  • Левото крило Тадеј Мазеј ја продолжи соработката со словенечкиот Целје Пивоварна Лашко. Мазеј ќе остане во некогашниот европски шампион и во следните две сезони, односно најмалку до 2027 година.
  • Чешката репрезентативка Шарлот Холевова, ќе ја напушти романската Валчеа на крајот на сезоната и ќе се пресели во Бундес лигата. Поранешната ракометарка на Брест Бретањ ќе заигра за Мецинген.
  • Средниот бек на Фуксе Берлин, Нилс Лихтлајн, ќе го носи дресот на „лисиците“ уште долго. Младиот германски репрезентативец ја продолжи соработката со бундеслигашот до 2028 година.