Босанскиот интернационалец Срѓан Мијатовиќ, кој си замина од Тиквеш на крајот на есенскиот дел од сезоната има нов клуб.
Универзалниот бек во пролетниот дел од сезоната ќе настапува за словенечкиот второлигаш Ајдовшчина.
Мијатовиќ во Кавадарци мина една и пол сезона и остави добар впечаток, но си замина шест месеци пред истекот на договорот.
Пред да дојде во Тиквеш, Мијатовиќ беше дел од италијанскиот Сасари, финскиот Рихимаки Кокс, босанскиот Борац Бања Лука…