Некогашниот ракометар на Вардар, Алем Тоскиќ, ќе ја продолжи тренерската кариера во унгарскиот Чурго.
Ова е камбек за Тоскиќ по четири сезони во унгарскиот клуб каде ја заврши играчката и ја почна успешната тренерска кариера.
Тоскиќ доаѓа на местото на Владан Матиќ, кој по само една полусезона замина од Чурго и ја презема Војводина.
Тоскиќ до 2021 година го водеше Чурго, потоа се пресели во словенечкиот Целје, каде работеше две и пол сезони и го водеше тимот и во Лигата на шампионите.
Иако се шпекулираше дека по заминувањето од Целје може да стане селектор на Србија, се споменуваа и некои клубови, сепак тој не работеше никаде скоро цела сезона, а сега и се враќа на тренерската работа.