Филип Кузмановски е најдобар спортист во Битола за 2024, Еурофарм Пелистер најдобар клуб

Во салата на Народниот театар по 61 пат се одржа манифестацијата „Избор на најдобри спортисти на Битола“, во организација на Сојузот на спортови на Битола. За најдобар спортист на Битола за 2024 година беше прогласен Филип Кузмановски, членот на шампионот Еурофарм Пелистер.

Овој клуб беше избран за најдобар тим во 2024 година, а уште три признанија завршија во рацете на пелистерци.

Најдобар млад спортист е кружниот напаѓач на битолчани, Самоил Ристевски, додека екипата на Еурофарм Пелистер е најдобар и во категоријата младински тим заедно со Марко Димовски и Иван Младенов.

Абдула Јусуфовски заедно со Ѓуро Илиќ и Златко Пецаковски добија награди за трајни вредности, а плакета му беше доделена и на некогашниот стратег на битолчани, 86-годишниот Анте Костелиќ, кој своевремено сезона и пол го водеше клубот низ настапите на југословенската лига.