ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Ќе се игра второто коло од главната фаза во ЛЕ

На денешната програма ќе бидат натпреварите од 2. коло од главната фаза во Лигата на Европа.

Свој настап ќе има Филип Талески, кој со Бенфика ќе посакуваат победа против незгодниот тим на Иштад.

Португалскиот клуб во првото коло беше минимално поразен од Бидасоа Ирун, додека Иштад загуби од Лимож.

Српскиот шампион Војводина ќе има уште еден голем предизвик, бидејќи денеска ќе се соочи со бундеслигашот Мелсунген.

Клубот од Нови Сад во првото коло загуби од Порто, а на денешниот натпревар голем фаворит е тимот предводен од Роберто Гарсија Парондо.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:45 БЕНФИКА – ИШТАД
18:45 ФЛЕНСБУРГ – ТУЛУЗ
18:45 ГОГ – МОНПЕЛЈЕ
18:45 ЛУЦЕРН – ГРАНОЉЕРС
18:45 ТАТАБАЊА – ГУМЕРЗБАХ
20:45 КИЛ – ПОРТО
20:45 ЛИМОЖ – БИДАСОА
20:45 ВОЈВОДИНА – МЕЛСУНГЕН