Лидерот на табелата во Бундес лигата, Мелсунген, загуби на гостински терен кај Магдебург со 29-28, но и покрај тоа остана на врвот на табелата.
Сепак на тимот на Парондо му се доближија Хановер, кој славеше против Штутгарт со 35-27, како и Магдебург, кој се приклучува кон водечката четворка.
Кил и Фуксе Берлин пропуштија прилика да го зголемат притисокот кон Мелсунген и Хановер, бидејќи не победија. Кил падна кај Вецлар, 27-25, додека Фуксе Берлин одигра само реми кај Лемго, 25-25.
Магдебург, кој го совлада Мелсунген сега има 23 бода, но има и три натпревари помалку од лидерот, па со победи ќе се вклучи во борбата за врвот.
Таму сега Мелсунген има 32 бода, Хановер е втор со 30, Фуксе Берлин е на третото место со 29 бодови, додека Кил е на четвртата позиција со 28.
Нема сомнеж дека трката за титулата во Бундес лигата ќе биде интересна до јуни.