ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Еурофарм Пелистер без Манасков и Цехте, нова шанса за Хаџиќ

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денеска го очекува натпреварот од 11 коло во Лигата на шампионите.

На тешкото гостување кај Спортинг Лисабон, стратегот Раул Алонсо нема да смета на повредениот Нејц Цехте, кој го чека подолга пауза, а во ростерот не е ниту Дејан Манасков, како и ниту Ѓорговски, Петровиќ и Печурица.

Во составот на битолчани ќе биде Алем Хаџиќ на местото на Цехте во споредба со претходниот меч со Висла, а тука се капитенот Кузмановски, близнаците Петар и Павле Атанасијевиќ, Кузманоски, Радивојевиќ, Костески…

Во составот на домашните се најопасните браќа Франциско и Мартим Кошта, како и Салвадор Салвадор…

Натпреварот меѓу Спортинг Лисабон и Еурофарм Пелистер се игра вечерва во салата „Жоао Роча“ со почеток во 20:45 часот.