Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги очекува тешко гостување кај Спортинг Лисабон во Лигата на шампионите.
Тренерот Раул Алонсо вели дека ќе биде голем предизвик за неговите ракометари да одиграат добро на тешкото гостување.
„Спортинг е одличен тим, тие веќе две-три години работат проект и сите видоа што можат да направат. Први се во лигата, а во Лигата на шампионите котираат исто така добро. Многу играчи настапуваа за Португалија на СП, очекувам тим со огормна самодоверба. Исто така, очекувам и сала која ќе биде нивна поддршка. Ќе биде голем предизвик за нас да одиграме добро во Лисабон. Така е во Лигата на шампионите, тоа е нормално. Мора да го одиграме нашиот ракомет и да бидеме солидни во транзиција. Треба да преземеме контрола врз темпото, мислам дека тоа ќе биде клучно за да им парираме. Мислам дека ова е нивниот натпревар, со брз ракомет даваат многу голови. Не знам дали ќе можеме да се одржиме на тој ритам, ама тоа ни е целта. Треба да се смириме, да не брзаме премногу и да бидеме добри во одбрана. Во напад работевме доста посветени на тој тип на игра“, изјави Алонсо.
Натпреварот меѓу Спортинг Лисабон и Еурофарм Пелистер се игра утревечер со почеток во 20:45 часот.