Митревски: Одиме на победа во Лисабон

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги очекува тешко гостување кај Спортинг Лисабон во Лигата на шампионите.

Голманот Никола Митревски најдобро знае како е да се игра против овој ривал во неговиот храм, бидејќи долго време ги бранеше боите на лутиот ривал Порто.

Тој вели дека македонскиот шампион оди на победа на секој натпревар, без разлика од кое натпреварување е.

„Спортинг е многу тежок ривал, предводен од браќата Кошта, кој игра одлично и дефанзивно и офанзивно во последните неколку години. Ќе биде многу тешко за нас да играме на теренот во Лисабон. Одиме на секој меч на победа, без разлика од кое натпреварување е. Се подготвивме добро за овој натпревар и ќе го дадеме нашиот максимум“, вели Митревски.

Натпреварот меѓу Спортинг Лисабон и Еурофарм Пелистер се игра утревечер со почеток во 20:45 часот.