Според пишувањата на германски „Билд“, за талентираниот Марко Гргиќ е заинтересиран и актуелниот европски шампион Барселона.
Големата надеж на германскиот ракомет со своите одлични партии во дресот на Ајзенах го привлече вниманието на неколку богати клубови.
Како што пишува„Билд“, сумата за која сака Ајзенах да го продаде Гргиќ е 400.000 евра, сума која не е никаков проблем за европскиот шампион.
Сепак, директорот на Ајзенах, Рене Вите, изјави дека нема немара да го продадат големиот талент.
,,Марко Гргиќ има договор со нас до 2027 година. Во овој поглед, секако дека сме свесни за желбите на Гргиќ, но немаме намера да го продадеме” изјави Вите за „Handball-World“.
Голем интерес за Гргиќ има од Хановер, овој клуб му нуди на Ајзенах оштета од 200.000 евра.
На штотуку завршеното Светско првенство, младиот Гргиќ во својот дебитански настап на едно големо натпреварување се покажа во одлично светло.