Легендарната Бодниева ја презема клупата на ЦСКА Москва!

Една од легендарните руски ракометарки, Људмила Бодниева, е нов тренер на рускиот шампион ЦСКА Москва.

Бодниева клупата на московската екипа ќе ја преземе од Надежда Муравјева, која беше на кормилото на ЦСКА Москва од есента, 2024 година.

ЦСКА Москва вчера загуби од Черноморочка во реванш дуелот од четвртфиналето во Купот на Русија, па поради тоа нема да игра на Ф4 турнирот.

,,ЦСКА е амбициозен клуб кој секогаш си ги поставува најсериозните цели. Третото место во прелиминарната фаза апсолутно не е резултатот што го очекувавме. Болен беше и поразот во четвртфиналето на Купот на Русија од Черноморочка. ЦСКА трипати по ред го освојуваше Куп трофејот и сакаше да го повтори овој успех сезонава, но, за жал, сега нема да игра ниту на Ф4″,  изјави директорот на ЦСКА Москва, Михаил Чипурин.

Сега ЦСКА Москва ќе мора да ја одбрани домашната титула, а Бодниева ќе има голем предизвик пред себе.