По завршувањето на Светското првенство, во фокусот на љубителите на ракометот се враќаат клупските натпревари.
Во Македонија, претстојниот викенд на програмата е 17 коло од регуларниот дел на Супер лигата.
На пет натревари има изразити фаворити, па се очекува Тиквеш, Еурофарм Пелистер, „сино-белите“ од Автокоманда, Охрид и Вардар да запишат победи.
Најинтересно би требало да биде на натпреварот меѓу Прилеп и Бутел Скопје, бидејќи двете екипи се борат за местото во плеј-офот.
Супер лига, 17 коло, распоред:
08/02, 12:00, Тиквеш – Радовиш
08/02, 16:30, Еурофарм Пелистер – Куманово
08/02, 18:00, Струга – Алкалоид
08/02, 18:00, Пролет – Вардар
08/02, 18:00, Борец ФЛ – Охрид
08/02, 18:30, Прилеп – Бутел Скопје