Иако своевремено беа сребрени и бронзени на СП, на последното издание за жал Полјаците не обезбедија место во главната рунда и го освоија 25 место во Президент Купот.
Тоа е причина во тамошната федерација да се размислува за прекин на соработката со селекторот Марцин Лијевски.
„ТВП Спорт“ пишува дека по најлошиот пласман на СП во историјата на Полска е доволна причина за Лијевски да добие отказ.
Полска загуби од Германија со 35-28 и од Швајцарија со 30-28, а одигра реми со Чешка, 19-19, па потоа мораше да се пресели во Президент Купот.
Полјаците пишуваат дека Лијевски делувал „депресивно“ на прес-конференцијата на која се анализираше настапот на Мундијалот заедно со претседателот на федерацијата, Славомир Шмал.
Тој порача дека одлуката ќе биде донесена по разговорите со останатите водечки луѓе на федерацијата. Договорот на Лијевски е до 2028 година, па ако добие отказ пред истекот тоа ќе повлече големи финансиски загуби за федерацијата.
„Можеби би променил ситници, но бевме сигурни дека ан СП одиме со најдоброто што го имаме. Се плашам ли од одлуката на федерацијата? Секако. Мора да се донесе одлука која се надевам дека ќе биде позитивна за мене. Сакам да го одработам до крај договорот“, изјави Лијевски.
Покрај лошиот настап, уште еден скандал се случи во полската репрезентација за време на СП, кога првата ѕвезда, Камил Шипжак, го напушти кампот среде Мундијалот.