Лоши вести за младинците пред СП: ИХФ им додели вајлд-карта на Фарски Острови!

Машката младинска репрезентација ќе има европска група на претстојното Светско првенство во Полска во јуни.

Иако според ждрепката, во групата покрај Македонија, Исланд и Романија, требаше да биде првакот на Океанија – Нов Зеланд, сепак по нивното откажувањето ИХФ додели вајлд-карта.

Таа отиде во Фарски Острови, па сега избраниците на Раде Стојановиќ ќе имаат голем предизвик пред себе со незгодните ривали.

Прво и второпласираните селекции ќе се пласираат во главната рунда, а Македонија која се наоѓа во групата Ф, ќе вкрсти со најдобрите од група Е каде се Данска, Франција, Мароко и Мексико.

Македонија ќе игра во група во Катовице, а Мундијалот е на програмата од 18 до 30 јуни.