Во „Унити Арена“ во Осло продолжи златната низа на данскиот репрезентативен ракомет во машка конкуренција.
Четврто светско злато по ред од 2019 година е нешто што не е видено во светскиот ракомет, а „чудотворецот“ е Николај Јакобсен.
Сјајниот дански тренер кој седна на клупата на националниот тим во 2017 година, откако Данска беше елиминирана од Унгарија во осминафиналето.
Јакобсен сега е трет на листата на најтрофејни тренери-шампиони, но и единствен кој е активен се уште.
Пред него се Клод Онеста со осум злата и Бенгт Јохансон со шест, но нема сомнеж дека под водство на Јакобсен, оваа данска низа ќе продолжи.
По Јакобсен на листата е Владимир Максимов со четири освоени злата на големите натпреварувања.You Might Also Like