Репрезентацијата на Хрватска на Светското првенство 2025 го освои среброто, откако во финалето беше поразена од Данска со 32:26.
Финалето во Осло беше последниот репрезентативен натпревар и за искусниот голман, 35-годишниот Иван Пешиќ.
Тој реши да им го отстапи местото на помладите и во иднина ќе продолжи на брани само на клупско ниво, моментално е член на француски Нант.
Како што е познато, освен Пешиќ, од репрезентацијата на Хрватска се повлекоа уште Игор Карачиќ и Домагој Дувњак.