Репрезентацијата на Хрватска вечерва против Франција ќе се бори за пласман во финалето на Светското првенство 2025.
Иако беше најавено дека ќе игра ,сепак, екс ракометарот на Металург и Вардар, Лука Циндриќ, нема да настапи против ,,триколорите”.
Циндриќ е надвор од составот поради повреда уште од мечот против Аргентина и сѐ уште не е доволно подготвен за камбек.
Селекторот Дагур Сигурдсон ќе може да смета на Игор Карачиќ, кој не настапи на три натпревари на Мундијалот поради тактички причини.
Екс вардарецот ќе биде од голема помош за ,,коцкестите” бидејќи неколку клучни играчи на Хрватска се соочуваа со повреди.
Натпреварот меѓу Хрватска и Франција е на програмата од 21:00 часот.