Машката репрезентација на Македонија ќе игра против Австрија, Катар и Франција во главната рунда на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.
Билети за натпреварите во „Вараждин Арена“ се уште има, а цените се скоро дупло повисоки во споредба со оние од групната фаза.
Најефтините билети се 80 евра, а во зависност од местото на седење во салата, има од 100 и од 300 евра.
Македонија утре игра против Австрија од 15:30 часот, в четврток против Катар во истиот термин, додека средбата со Франција е в сабота од 20:30 часот.
Билети за натпреварите во „Вараждин Арена“ може да купите ТУКА.