Романскиот шампион ЧСМ Букурешт запиша важен триумф на домашен терен против словенечкиот Крим и остана во трка за првото и второто место во групата што носи директно место во четвртфиналето.
Ниту со новиот тренер, Амброш Мартин, Крим не игра на посакуваното ниво и ја продолжи серијата порази.
Подравка запиша драматична победа над Глорија Бистрица и се искачи на третата позиција зад Мец и Ференцварош.
Францускиот тим го доби мечот на неделата на гостински терен во Унгарија и остана без пораз по 10 кола.
Во групата Б, европскиот првак Ѓер не дозволи изненадување на домашен терен и славеше минимално со Брест, додека Будуќност беше немоќен на гостински терен во Германија.
Во дебаклот на домашен терен на Рапид Букурешт и поразот од Оденсе, Сара Ристовска успеа да погоди три пати.
Лига на шампиони, 10 коло, резултати:
група А
ЧСМ Букурешт – Крим 36-23
Ференцварош – Мец 23-26
Подравка – Глорија Бистрица 26-25
Сторхамар – Никобинг 22-22
група Б
Ѓер – Брест Бретањ 28-27
Лудвигсбург – Будуќност 26-18
Рапид Букурешт – Оденсе 25-42
Есбјерг слоб.